Thursday, December 18, 2008
Денеска, на 76 годишна возраст, по долго боледување од леукемија, почина првата дама на Star Trek, Мејџел Берет-Роденбери, сопруга на творецот на франшизата, Џин Роденбери.

Мејџел Берет засекогаш ќе остане запаметена по нејзината улога како медицинската сестра Шапел во оргиналната серија. Покрај тоа, го позајмуваше гласот на компјутерот на USS Enterprise во оргиналната серија и The Next Generation, а исто така и гласот на компјутерот на USS Voyager и компјутерот на вселенската станица Deep Space Nine.

Мејџел неодамна го заврши и снимањето за новиот Star Trek филм, каде повторно го позајми гласот на компјутерот на USS Enterprise.

Нека почива во мир.
 
автор: Бојан Николов @ 12/18/2008 11:12:00 PM |


1 Comments:


At 7:45 PM, January 01, 2009, Anonymous Chronic

Срам да ти е, си заборавил да споменеш дека беше и Lwaxana Troi во TNG. У секој случај, RIP.