Wednesday, December 24, 2008
Star Trek XI ќе биде завршен комплетно, следната недела. Моментално се довршува аудио миксот. Абрамс е задоволен и едвај чека да го видиме. Јас не баш. Како и да е, очекувам периодов да започнат агресивна кампања, бидејќи до мај следната година им останува доволно време за голема реклама. Знаат што пали кај народот и како да привлечат внимание, не работи толкав маркетинг тим за џабе, нели? Сигурен сум дека ќе убедат уште многу фанови дека филмот ќе ги исполни нивните очекувања.

Анкетата ја затворив денес, мислењата се поделени. Траеше околу еден месец и гласале 67 посетители, да не речам IP адреси. За жал, не успеав да ја средам кирилицата, така што резултатите си останаа на латиница. Резултатите може да се видат на овој линк. Ќе има нова анкета деновиве.

Star Trek: Voyager од денес почнале да даваат на НашаТВ. Од 19:30. Добивав флаери низ град за ова, а видов и автобус излепен со реклама. Интересен потег, само што немам време баш време за гледање.

Излезе и вториот број на стрипот Star Trek TNG: The Last Generation. Ќе пишам нешто повеќе викендов.
 
автор: Бојан Николов @ 12/24/2008 11:53:00 PM |


6 Comments:


At 1:28 AM, January 02, 2009, Blogger Azagthoth

Ах барем да почнеа од почеток да го прикажуваат Војаџер. Не од 2ра сезона. Иначе конечно на некоја македонска ТВ да им текне да прикажат нешто од Стар Трек (освен Enterprise).

 

At 3:11 AM, January 02, 2009, Blogger Бојан Николов

Знам за ова. Глупо е, ама денес не е тешко да се најде прва по интернетов, огромен процент од луѓево имаат броудбенд, така да... Е, сега кога веќе откупувале и не ја зеле првата.. Ко што знам, ќе прикажувале и друго, веројатно TNG. Мада, неам баш време на ТВ да ги гледам.

 

At 11:19 PM, January 04, 2009, Blogger freestyle

ја не а фаќам наша... :(

 

At 12:01 AM, January 05, 2009, Blogger Бојан Николов

Пробај на http://zulu.mk/ или симни си ги, па глеј си ги кога сакаш. :)

 

At 9:15 PM, January 06, 2009, Blogger Gohan

Фала за зулово! А време ти е и за нов пост. :)))

 

At 9:23 PM, January 06, 2009, Blogger Бојан Николов

Ќе биде. Да се ослободам малку. :)