Tuesday, December 02, 2008
Можеби и најконтроверзната епизода од оргиналната серија. Поради темата која инволвира нацизам и нацистички обележја (содржи дури и оргинална снимка од Хитлер) , епизодата уште тогаш била забранета во Германија и е емитувана дури во 1999 година и тоа на pay-per-view во доцните вечерни часови. Ова е 23-тата епизода од втората сезона.

Ентерпрајз е упатен на мисија кон планетата Екос, за да го земе историчарот Џон Гил кој престојува на таа планета. Бродот е нападнат од ракета направена со технологија за која жителите на Екос не би требло да имаат познавање. Стравувајќи дека е нарушена Примарната директива, Кирк и Спок се транспортираат на Екос. На планетата затекнуваат култура која е идентична на фашистичка Германија и владее нацизам, а фирер е токму историчарот Џон Гил.

Епизодата е полна со грешки, од продукциски до грешки во униформите и чиновите на униформите, но многу пати сум кажал дека баш од такви ситници е составена магијата на оргиналната серија. Меѓу другото, во епизодава го има најоргиналното бегство од затвор што некогаш сум го видел. Обрнете внимание и на зелената крв на Спок. А, интересен факт е дека штабот на нацистите се всушност канцелариите на Paramount Pictures. Ете, до толку бил мал буџетот.
 
автор: Бојан Николов @ 12/02/2008 09:27:00 PM |


1 Comments:


At 5:19 PM, December 03, 2008, Blogger Gohan

Ова ми се гледа!