Saturday, January 31, 2009
Првиот број на стрипот кој би требало да послужи како вовед во престојниот Star Trek филм кој ќе ја има својата во мај оваа година. Вкупно ќе излезат четири броја, секој месец по еден, а првиот кој излезе овој месец е веќе расппродаден. Нарачките за следните броеви се зголемени, фановите одлично го прифаќаат стрипот, па веќе може да се нарача и четвртиот број. Во април, кога ќе излезе и четвртиот, последен број, Star Trek Countdown ќе биде достапен и како trade paperback издание, па тие што пропуштиле ќе може да ги добијат сите четири броја на овој начин. Но, верувам дека и ова ќе биде експресно продадено и сигурно ќе може да се нарача однапред и да се резервира копија.

Значи, првиот број. Дејствието е сместено неколку години по настаните во Star Trek: Nemesis. Негативецот од филмот, Неро (кој овде не е воопшто лош и злобен), е на мисија со својот тим рудари на пуста планета, каде што наоѓаат голема количина на декалитиум, материја која има голема вредност за Ромуланската Империја. Пред да започне ископувањето, откриваат дека на планетата Ромулус и се заканува голема опасност, која би можела да го загрози опстанокот на Ромуланците.

Стрипот продолжува на планетата Ромулус, каде што Амбасадорот на Федерацијата, Спок му се обраќа на Ромуланскиот Сенат и го предупредува за опасноста која би можела да им нанесе оргомни штети на Ромуланците и нуди свое решение. Но, Ромуланците го одбиваат Спок мислејќи дека се работи за некаков заговор на Вулкан. Неро, кој присуствува на собирот на Сенатот, верува во зборовите на Спок и го потврдува тоа што и самиот го видел, но го одбиваат и него.

Неро се решава да тргне на мисија со неговиот екипаж и да превземе мерки за спречување на заканата, иако тоа би можело да им ги загрози животите на него и неговите луѓе.

Тука завршувам со пишување, да не откријам премногу, мислам дека ова горе е доволно за да ве натера да го прочитате стрипот, кој може да се превземе на овој линк. Навистина е добра приказната, IDW Publishing секогаш нуди одлични Star Trek стрипови. Следниот број ќе излезе на 25 февруари и за него ќе биде објавено тука. Ќе кажам само дека крајот е феноменален и ме остави комлетно збунет, па се надевам дека во следните броеви ќе има објаснување.

Labels: ,

 
автор: Бојан Николов @ 1/31/2009 08:06:00 PM | 4 коментар(и)
Thursday, January 22, 2009
На USAToday.com се објавени слики од новите Star Trek играчки, базирани на новиот филм. Цената е 30$ на секоја, што и не е толку скапо, бидејќи имам гледано Star Trek играчки кои чинат повеќе и од 100$.

Мој избор би бил транспортерот.


Транспортерот

Мостот


Новиот Ентерпрајз

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 1/22/2009 11:57:00 PM | 3 коментар(и)
Wednesday, January 14, 2009
Почина Кан. Актерот починал во својот дом, на 88 годишна возраст, а како причина е наведена природна смрт. Се прослави по улогата на Кан, прво во епизодата "Space Seed", а потоа и во филмот Star Trek II: The Wrath of Khan, кој според многумина е најдобриот филм од серијалот.

Монталбан е исто така познат по улогите во Naked Gun, Spy Kids, Family Guy и серијата Fantasy Island.

Нека почива во мир.
 
автор: Бојан Николов @ 1/14/2009 11:58:00 PM | 0 коментар(и)
Првата верзија на Клингонскиот речник на Марк Окранд, човекот кој е одговорен за Клингонскиот јазик (tlhIngan Hol) е објавена во 1985 година. Во главно, содржината е составена од зборовите кои се употребени во првите пет филма, но има и добар дел на нови зборови, фрази и граматика. Во 1992 е објавена и втората верзија, која вклучува Клингонски јазик употребен во Star Trek: The Next Generation како и од последниот филм со оргиналната постава, Star Trek: The Undiscovered Country.

Новата верзија The Klingon Dictionary се протега на 192 страници и претставува Клингонско-Англиски речник, граматика, изговор и разговорник со доволен број на фрази со кои најупорните би успеале да се разберат со Клингонец доколку го сретнат (на пример, во ментална институција). Во секој случај, интересно книжуле за посветените фанови, ако ништо друго, да се види талентот на Марк Окранд. Како што вели Горкон во Star Trek: The Undiscovered Country, неможеш да го доживееш Шекспир додека не го прочиташ на оргинален клингонски јазик.

Речников може да се најде и низ книготекиве низ Скопје за некои 300-400 денари. Јас го купив пред некои три години, но сигурен сум дека скоро видов уште некој примерок. Доколку не успеете да го најдете, проверете на овој линк. Ја има и аудио верзијата.
 
автор: Бојан Николов @ 1/14/2009 12:52:00 AM | 4 коментар(и)
Wednesday, January 07, 2009
Еве го и МакТрек во новата 2009-та! Среќни празници на сите. За жал, поради обврски, не успеав на време да пишам за вториот број на Star Trek TNG: The Last Generation, па еве го конечно, со мало задоцнување.

Дејството продолжува каде што завршува првиот број. Отпорот се обидува да се справи со тиранијата на Клингонците на чело со Ворф, но добиваат информација дека настаните воопшто не би требало да се движат по ваков тек и дека Федерацијата требала да склучи примирје со Клингонската Империја.

Се појавува и познат лик од серијата, кој патува низ времето, но нема да го спомнам тука за да не им го расипам уживањето на оние кои го читаат стрипот. Отпорот сфаќа каде е грешката и каде настаните ја смениле насоката, а со тоа се промени и агендата на Пикард, па повеќе околку ова би требало да видиме во следниот број.

Очекувам уште подобар заплет, бидејќи се појави и Кирк, а некоја страница доби и EMH-то од Star Trek: Voyager. Плус тоа, ви текнува на Робин? Симпатијата на Весли Крашер?

Да не тупам, вториот број може да се симне од овој линк. Како што гледам од бројот на симнувања, има заинтересирани за стрипов. :)

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 1/07/2009 10:34:00 PM | 2 коментар(и)