Wednesday, January 14, 2009
Првата верзија на Клингонскиот речник на Марк Окранд, човекот кој е одговорен за Клингонскиот јазик (tlhIngan Hol) е објавена во 1985 година. Во главно, содржината е составена од зборовите кои се употребени во првите пет филма, но има и добар дел на нови зборови, фрази и граматика. Во 1992 е објавена и втората верзија, која вклучува Клингонски јазик употребен во Star Trek: The Next Generation како и од последниот филм со оргиналната постава, Star Trek: The Undiscovered Country.

Новата верзија The Klingon Dictionary се протега на 192 страници и претставува Клингонско-Англиски речник, граматика, изговор и разговорник со доволен број на фрази со кои најупорните би успеале да се разберат со Клингонец доколку го сретнат (на пример, во ментална институција). Во секој случај, интересно книжуле за посветените фанови, ако ништо друго, да се види талентот на Марк Окранд. Како што вели Горкон во Star Trek: The Undiscovered Country, неможеш да го доживееш Шекспир додека не го прочиташ на оргинален клингонски јазик.

Речников може да се најде и низ книготекиве низ Скопје за некои 300-400 денари. Јас го купив пред некои три години, но сигурен сум дека скоро видов уште некој примерок. Доколку не успеете да го најдете, проверете на овој линк. Ја има и аудио верзијата.
 
автор: Бојан Николов @ 1/14/2009 12:52:00 AM |


4 Comments:


At 3:48 AM, January 14, 2009, Blogger Eddie Rebel

А Клингонците не имаат ли признаено под уставно име?

 

At 10:27 AM, January 14, 2009, Blogger Љубиша

Клингонски у сто лекција са изговором.

 

At 10:30 AM, January 14, 2009, Blogger Бојан Николов

Сам свој Клингонец.