Saturday, January 31, 2009
Првиот број на стрипот кој би требало да послужи како вовед во престојниот Star Trek филм кој ќе ја има својата во мај оваа година. Вкупно ќе излезат четири броја, секој месец по еден, а првиот кој излезе овој месец е веќе расппродаден. Нарачките за следните броеви се зголемени, фановите одлично го прифаќаат стрипот, па веќе може да се нарача и четвртиот број. Во април, кога ќе излезе и четвртиот, последен број, Star Trek Countdown ќе биде достапен и како trade paperback издание, па тие што пропуштиле ќе може да ги добијат сите четири броја на овој начин. Но, верувам дека и ова ќе биде експресно продадено и сигурно ќе може да се нарача однапред и да се резервира копија.

Значи, првиот број. Дејствието е сместено неколку години по настаните во Star Trek: Nemesis. Негативецот од филмот, Неро (кој овде не е воопшто лош и злобен), е на мисија со својот тим рудари на пуста планета, каде што наоѓаат голема количина на декалитиум, материја која има голема вредност за Ромуланската Империја. Пред да започне ископувањето, откриваат дека на планетата Ромулус и се заканува голема опасност, која би можела да го загрози опстанокот на Ромуланците.

Стрипот продолжува на планетата Ромулус, каде што Амбасадорот на Федерацијата, Спок му се обраќа на Ромуланскиот Сенат и го предупредува за опасноста која би можела да им нанесе оргомни штети на Ромуланците и нуди свое решение. Но, Ромуланците го одбиваат Спок мислејќи дека се работи за некаков заговор на Вулкан. Неро, кој присуствува на собирот на Сенатот, верува во зборовите на Спок и го потврдува тоа што и самиот го видел, но го одбиваат и него.

Неро се решава да тргне на мисија со неговиот екипаж и да превземе мерки за спречување на заканата, иако тоа би можело да им ги загрози животите на него и неговите луѓе.

Тука завршувам со пишување, да не откријам премногу, мислам дека ова горе е доволно за да ве натера да го прочитате стрипот, кој може да се превземе на овој линк. Навистина е добра приказната, IDW Publishing секогаш нуди одлични Star Trek стрипови. Следниот број ќе излезе на 25 февруари и за него ќе биде објавено тука. Ќе кажам само дека крајот е феноменален и ме остави комлетно збунет, па се надевам дека во следните броеви ќе има објаснување.

Labels: ,

 
автор: Бојан Николов @ 1/31/2009 08:06:00 PM |


4 Comments:


At 11:51 PM, January 31, 2009, Blogger Љубиша

Симнав, утре читам, па коментирам.

 

At 3:36 AM, February 01, 2009, Blogger Влатко

Исто како колегата :)

 

At 3:30 PM, February 01, 2009, Anonymous Anonymous

FALA!!!!!

 

At 12:24 PM, February 02, 2009, Blogger Ванчо

Одлично!
Добро сценарио, брза приказна, без непотребни филозофирања.
Фала!