Еве го и МакТрек во новата 2009-та! Среќни празници на сите. За жал, поради обврски, не успеав на време да пишам за вториот број на Star Trek TNG: The Last Generation, па еве го конечно, со мало задоцнување.Дејството продолжува каде што завршува првиот број. Отпорот се обидува да се справи со тиранијата на Клингонците на чело со Ворф, но добиваат информација дека настаните воопшто не би требало да се движат по ваков тек и дека Федерацијата требала да склучи примирје со Клингонската Империја.
Се појавува и познат лик од серијата, кој патува низ времето, но нема да го спомнам тука за да не им го расипам уживањето на оние кои го читаат стрипот. Отпорот сфаќа каде е грешката и каде настаните ја смениле насоката, а со тоа се промени и агендата на Пикард, па повеќе околку ова би требало да видиме во следниот број.
Очекувам уште подобар заплет, бидејќи се појави и Кирк, а некоја страница доби и EMH-то од Star Trek: Voyager. Плус тоа, ви текнува на Робин? Симпатијата на Весли Крашер?
Да не тупам, вториот број може да се симне од овој линк. Како што гледам од бројот на симнувања, има заинтересирани за стрипов. :)
Labels: comics





