Thursday, February 26, 2009
Конечно вториот број на стрипот што ги размрда Star Trek фановите ширум светот. Слободно можам да кажам дека ова е еден од најдобрите Star Trek стрипови кои излегле до сега. Навистина штета што толку добра приказна ќе мора да биде збиена во само четири броја, освен ако не се решат да ја продолжат некако, независно од филмот.

Она што беше најголемо изненадување на самиот крај од првиот број, овде е во центарот на приказната и игра клучна улога. Дури има и интересно објаснување, кое лесно би можело да пројде и на филм, доколку се решат да не изненадат во блиска иднина.

Како што се развива приказната, која интензивно се движи до точката каде што Countdown ќе го предаде факелот на филмот, така се зголемуваат и изненадувањата кои го прават стрипот уште подобар. Знам дека идејата е да се купат фановите со ваква финта, признавам, одлично е, но сепак тоа нема да ми го смени мислењето за филмот. Можеби доколку имаше некое слично изненадување, ќе ми се зголемеше желбата за гледање...

Како и да е, екипата од IDW знае дека стои со четири броја на располагање и феноменално си ја работи задачата. Нема време за губење, и покрај тоа што има малку простор, одлично е склопена приказната. За жал, воведот во филмот ќе биде многу подобар од самиот филм. Мислам дека многу подобар потег ќе беше да се направи краток анимиран филм со содржината на Countdown. Ќе беше далеку поефективно, а ќе привлечеше уште повеќе публика.

Според бројот на даунлоуди, Star Trek: Countdown #1 е најчитаниот стрип објавен на МакТрек до сега. Еве линк и за вториот број. Третиот ќе биде достапен дури следниот месец. Пред мене го имам и четвртиот број на Star Trek TNG: The Last Generation, ќе го прочитам деновиве па ќе пишам и за него.

Labels: ,

 
автор: Бојан Николов @ 2/26/2009 11:59:00 PM | 1 коментар(и)
Monday, February 23, 2009
Времето со кое располага Отпорот на Пикард, се побрзо истекува превземањето на порадикални мерки е повеќе од неопходно. Дел од отпорот решава да украде Клингонски Bird-of-Prey и да се врати назад во времето за да исправи одредени работи, додека друг дел од отпорот на чело со Весли Крашер има поинаква замисла. Весли прави грешка што бара оружје од Ференги шанкер (не, не е Кварк) и уште повеќе ги комплицира работите.

Како и во минатите два броја, има купче ликови кои кратко се појавуваат, во овој број повеќе за да ги има, отколку што се којзнае колку битни за самата приказна чиј интензитет видно е опадна со овој број. Стрипот имаше одличен почеток, но некако ги успорија работите тука и почнаа да се движат во сомнителен правец. Беспотребно го исфорсираа ликот на Весли Крашер до тој степен што мислам дека фановите уште повеќе го замразија. Како намерно да го прават ова. Плус тоа, мене не ме убеди со таа фризура...

Како и да е, остануваат уште два броја до крај (четвртиот излезе деновиве, следува рецензија), па ќе видиме каков епилог ќе има оваа приказна. Се надевам дека нема да ги стиснат следните два броја, па да добиеме избрзано финале.

Третиот број во електронска верзија може да се превземе на овој линк.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 2/23/2009 08:16:00 PM | 0 коментар(и)
Saturday, February 21, 2009
Парамаунт го објави новото официјално лого за Star Trek XI. Логото е базирано на она од оргиналната серија. На почетокот на март, треба да се појави и третиот трејлер кој ќе биде прикажан пред филмот Watchmen.

Официјалниот сајт е исто така обновен и на него има нова секција "Панорами" каде што може да се погледне дел од внатрешноста на новиот Enterprise.

Верзија на вториот трејлер беше прикажана на Super Bowl-от, и моментално се наоѓа на второ место на листата на реклами прикажани на овој голем спортски настан, веднаш зад трејлерот за Transoformers: Revenge of the Fallen кој излегува ова лето. На TrekMovie трејлерот е анализиран кадар по кадар и може да се погледне на овој линк.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 2/21/2009 12:58:00 PM | 2 коментар(и)
Tuesday, February 10, 2009
Деновиве на сајтот на IGN се појавија нови скриншоти од Star Trek Online. Се чини дека Cryptic Studios напорно работи на излегувањето на оваа долгоочекувана игра.

Приказната веќе почна да си го наоѓа својот тек и официјално е дека ќе биде сместена 30 години по настаните во Star Trek: Nemesis. Во 2409 година Клингонците и Федерацијата го раскинуваат примирјето и избива војна во која ќе биде вклучена и трета фракција за која моментално не се откриваат никакви детали.

Исто така, одговорните од Cryptic Studios велат дека Star Trek Online ќе биде поразлична од останатите MMORPG игри, бидејќи ќе донесе новини и измени во "стандарната" форма на ваквиот тип игри и ќе биде освежување за жанрот. Ова се секако добри вести, бидејќи повеќето MMORPG игри кои се појавија во изминативе неколку години се правени по теркот на World of Warcraft.

На сајтот има и ново видео во кое се гледа каков ќе биде начинот на креирање на карактерите. Може да се погледне на овој линк. Доколку го пропуштивте првиот трејлер за Star Trek Online, може да го погледнете тука.
 
автор: Бојан Николов @ 2/10/2009 06:57:00 PM | 1 коментар(и)