Thursday, February 26, 2009
Конечно вториот број на стрипот што ги размрда Star Trek фановите ширум светот. Слободно можам да кажам дека ова е еден од најдобрите Star Trek стрипови кои излегле до сега. Навистина штета што толку добра приказна ќе мора да биде збиена во само четири броја, освен ако не се решат да ја продолжат некако, независно од филмот.

Она што беше најголемо изненадување на самиот крај од првиот број, овде е во центарот на приказната и игра клучна улога. Дури има и интересно објаснување, кое лесно би можело да пројде и на филм, доколку се решат да не изненадат во блиска иднина.

Како што се развива приказната, која интензивно се движи до точката каде што Countdown ќе го предаде факелот на филмот, така се зголемуваат и изненадувањата кои го прават стрипот уште подобар. Знам дека идејата е да се купат фановите со ваква финта, признавам, одлично е, но сепак тоа нема да ми го смени мислењето за филмот. Можеби доколку имаше некое слично изненадување, ќе ми се зголемеше желбата за гледање...

Како и да е, екипата од IDW знае дека стои со четири броја на располагање и феноменално си ја работи задачата. Нема време за губење, и покрај тоа што има малку простор, одлично е склопена приказната. За жал, воведот во филмот ќе биде многу подобар од самиот филм. Мислам дека многу подобар потег ќе беше да се направи краток анимиран филм со содржината на Countdown. Ќе беше далеку поефективно, а ќе привлечеше уште повеќе публика.

Според бројот на даунлоуди, Star Trek: Countdown #1 е најчитаниот стрип објавен на МакТрек до сега. Еве линк и за вториот број. Третиот ќе биде достапен дури следниот месец. Пред мене го имам и четвртиот број на Star Trek TNG: The Last Generation, ќе го прочитам деновиве па ќе пишам и за него.

Labels: ,

 
автор: Бојан Николов @ 2/26/2009 11:59:00 PM |


1 Comments:


At 12:37 AM, February 27, 2009, Blogger Gohan

ФАЛА!!!ГО ЧЕКАВ!! :)))