Tuesday, February 10, 2009
Деновиве на сајтот на IGN се појавија нови скриншоти од Star Trek Online. Се чини дека Cryptic Studios напорно работи на излегувањето на оваа долгоочекувана игра.

Приказната веќе почна да си го наоѓа својот тек и официјално е дека ќе биде сместена 30 години по настаните во Star Trek: Nemesis. Во 2409 година Клингонците и Федерацијата го раскинуваат примирјето и избива војна во која ќе биде вклучена и трета фракција за која моментално не се откриваат никакви детали.

Исто така, одговорните од Cryptic Studios велат дека Star Trek Online ќе биде поразлична од останатите MMORPG игри, бидејќи ќе донесе новини и измени во "стандарната" форма на ваквиот тип игри и ќе биде освежување за жанрот. Ова се секако добри вести, бидејќи повеќето MMORPG игри кои се појавија во изминативе неколку години се правени по теркот на World of Warcraft.

На сајтот има и ново видео во кое се гледа каков ќе биде начинот на креирање на карактерите. Може да се погледне на овој линк. Доколку го пропуштивте првиот трејлер за Star Trek Online, може да го погледнете тука.
 
автор: Бојан Николов @ 2/10/2009 06:57:00 PM |


1 Comments:


At 9:45 PM, February 14, 2009, Anonymous Anonymous

Не сум сигурен дали ми се допаѓа оваа промена (војна меѓу Клингонците и Федерацијата)... во секој случај се надевам ќе испадне добро играва.

Дамјан.