Monday, February 23, 2009
Времето со кое располага Отпорот на Пикард, се побрзо истекува превземањето на порадикални мерки е повеќе од неопходно. Дел од отпорот решава да украде Клингонски Bird-of-Prey и да се врати назад во времето за да исправи одредени работи, додека друг дел од отпорот на чело со Весли Крашер има поинаква замисла. Весли прави грешка што бара оружје од Ференги шанкер (не, не е Кварк) и уште повеќе ги комплицира работите.

Како и во минатите два броја, има купче ликови кои кратко се појавуваат, во овој број повеќе за да ги има, отколку што се којзнае колку битни за самата приказна чиј интензитет видно е опадна со овој број. Стрипот имаше одличен почеток, но некако ги успорија работите тука и почнаа да се движат во сомнителен правец. Беспотребно го исфорсираа ликот на Весли Крашер до тој степен што мислам дека фановите уште повеќе го замразија. Како намерно да го прават ова. Плус тоа, мене не ме убеди со таа фризура...

Како и да е, остануваат уште два броја до крај (четвртиот излезе деновиве, следува рецензија), па ќе видиме каков епилог ќе има оваа приказна. Се надевам дека нема да ги стиснат следните два броја, па да добиеме избрзано финале.

Третиот број во електронска верзија може да се превземе на овој линк.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 2/23/2009 08:16:00 PM |


0 Comments: