Saturday, February 21, 2009
Парамаунт го објави новото официјално лого за Star Trek XI. Логото е базирано на она од оргиналната серија. На почетокот на март, треба да се појави и третиот трејлер кој ќе биде прикажан пред филмот Watchmen.

Официјалниот сајт е исто така обновен и на него има нова секција "Панорами" каде што може да се погледне дел од внатрешноста на новиот Enterprise.

Верзија на вториот трејлер беше прикажана на Super Bowl-от, и моментално се наоѓа на второ место на листата на реклами прикажани на овој голем спортски настан, веднаш зад трејлерот за Transoformers: Revenge of the Fallen кој излегува ова лето. На TrekMovie трејлерот е анализиран кадар по кадар и може да се погледне на овој линк.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 2/21/2009 12:58:00 PM |


2 Comments:


At 10:28 PM, February 21, 2009, Blogger kapsarovB

Само да ти кажам дека ова како што тргна мислам дека си јалнаш со постот за филмот. Мислам дека приказнава добро мириса и ти имам чуство дека си се покајал за пљукањево на филмов. Америкацниве си ебале мајката со правење шоу. Ако ова што го гледам на стриповите и тоа што е дадено как preview мислам дека филмов ќе биде ТОП. Поздрав и само напред со мактрек.

 

At 1:20 AM, February 22, 2009, Blogger Бојан Николов

Не сум покајал за плукањето на филмот и сеуште стојам зад се што сум пишал. :)

Стрипот има добра прича, тоа е неоспорно, но кастингот и идејата на филмот се комплетно утнати. Останува до почекаме до мај да видиме дали ќе се потврди прогнозата. :)

Поздрав!