Monday, March 30, 2009
Купче нови официјални постери за новиот Star Trek, далеку подобри од првиот, со исклучок на јапонскиот постер.

Британскиот постер

Друга верзија од Британскиот постер

Шпанскиот постер

Германскиот постер

...и Јапонскиот!

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 3/30/2009 07:44:00 PM | 0 коментар(и)
Family Guy, откако успеаа да ја направат најдобрата пародија на Star Wars, ја собраа и целата актерска екипа на Star Trek: The Next Generation. Стуи, откако на Star Trek конвенција нема да успее да ги праша актерите ниту едно прашање, решава да изгради транспортер, да ги киднапира и да ги принуди да поминат некое време со него.

Гласовите на The Next Generation поставата ги позајмуваат оргиналните актери и ова е нивното прво собирање за телевизиски/филмски проект после многу години.

Покрај тоа што епизодава се врти околу Стуи и посадата на Ентерпрајз, упатува и остра критика до религијата и религиозните сфаќања во Америка, а и во светот. Одлична епизода, веројатно најдобрата оваа сезона, покрај "I Dream of Jesus". "Not All Dogs Go To Heaven" беше прикажана синоќа и веќе може да се најде по warez мрежата.

Наскоро излегува и пародијата на The Empire Strikes Back, а се збори дека ќе има и пародија на The Wrath of Khan.
 
автор: Бојан Николов @ 3/30/2009 05:32:00 PM | 0 коментар(и)
Sunday, March 29, 2009
Конечниот, официјален постер наменет за кината, беше објавен пред два дена. Воопшто не ме импресионираше (исто и како се досега од филмот). Сите знаеме дека можело многу подобро и попрофесионално. Вака изгледа како обичен Photoshop ефект врз бродот...

Инаку, излезе Star Trek Countdown #3, ќе пишам рецензија деновиве. До тогаш, еве линк за симнување.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 3/29/2009 03:12:00 PM | 0 коментар(и)
Friday, March 06, 2009
Денеска излезе нов трејлер за филмот, веројатно последен пред премиерата во мај. Има сцени кои досега ги немаше во претходните трејлери (кои нормално, може да се погледнат на блогов).

Ќе искоментирам само една реплика на Неро. Вели, "James T. Kirk was a great man, but that was another life!" Токму така. Џејмс Т. Кирк е Вилијам Шетнер и никој друг.

Погледнете:


Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 3/06/2009 03:14:00 PM | 1 коментар(и)
Thursday, March 05, 2009
Полека се наближува премиерата на Star Trek XI, па периодов може да се очекуваат уште повеќе материјали од филмот. Во новиот број на списанието Total Film кој од денес е во продажба, објавени се две нови слики. На едната од нив може да се види како ќе изгледа транспортерот на новиот Ентерпрајз. Транспортирањето веќе видовме како изгледа во трејлерот.

Исто така, наскоро излегува и книга базирана на филмот, чиј автор е легендарниот Алан Дин Фостер.


Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 3/05/2009 11:59:00 PM | 0 коментар(и)