Sunday, April 05, 2009
Конечно, слободно време да се посветам на МакТрек и да кажам неколку работи за новиот број на Star Trek: Countdown, кој излезе кон крајот на минатиот месец. Беше поставен тука за даунлоуд пред некоја недела, но еве го линкот пак, во случај некој да го пропуштил.

Приказната полека се наближува до настаните во филмот. Ромулус е уништен, а Неро го обвинува Сенатот поради тоа. На Ромулус тој го губи неговото семејство и нероденото дете. Конечно ја гледаме неговата трансформација во негативец кој претставува огромна закана. Во овој број ги добива и тетоважите на главата, кои се дел од Ромуланската традиција и се древни симболи кои претставуваат Љубов и Пораз. Ромуланците ги тетовирале после загуба на сакана личност.

До сега, најдоброто нешто што излезе од Star Trek: Countdown. Како и претходно, се појавуваат ликови кои веќе ги знаеме, а еден од нив ќе одигра голема улога во следниот број кој е веќе излезен и ќе биде поставен тука за некој ден. Спомнав претходно дека ќе имав некаква верба во филмот доколку се појавеа сите овие ликови, толкувани од оргиналните актери. Леонард Нимој колку и да е добар, неможе сам да го носи на грб цел филм.

Останува месец дена до премиерата, па ќе видиме како ќе пројде.

Labels: ,

 
автор: Бојан Николов @ 4/05/2009 01:22:00 PM |


0 Comments: