Saturday, May 09, 2009
Веројатно нема подобра причина од прекинувањето на паузава од премиерата на новиот Star Trek. Изминативе десетина години, сведоци сме на куп вакви ребутирања на стари, култни франшизи, меѓу кои Batman, Terminator, Star Wars, а да не почнувам за огромниот број на римејци на хорори од типот на Halloween или Friday the 13th. Во многу наврати сум спомнувал како Холивуд е одамна останат без оргинални идеи и парите ги вади од прекопување на стари и сигурни рудници.

Како и да е, од сите ре-анимирања на филмски и телевизиски бисери, Star Trek е дефинитивно, како идеја, најлошото. Треба навистина храброст да земеш нешто толку вредно и да го "измислиш" повторно. Со многу шминка и агресивна рекламна кампања, господинот Абрамс успеа на да им ја продаде својата тазе-измислена топла вода и на најтврдокорните фанови на франшизата. Зарем толку слепо прифаќате се што е Star Trek, луѓе?

Филмот се прикажа вчера низ кината во САД и за само еден ден успеа да собере цели 33 (триесет и три) милиони долари! Без разлика на вистинскиот квалитет на филмот, ова значи дека Star Trek приказната на Абрамс не е воопшто завршена. Филмот веќе го има низ warez мрежата, кино-снимка, ќе почекам уште некое време да се појави подобра копија за да го гледам и да видам дали целото мое мрчење изминатава година и кусур ќе биде оправдано. Доколку некој не го прочитал текстот каде што јасно го изкажувам мојот став за филмов - бујрум на линков.

П.С. Поради обрвски месецов, не успеав да ја објавам рецензијата за Star Trek Countdown #4. Еве линк за симнување на стрипот. Таман за читање пред гледање на филмов...

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 5/09/2009 01:43:00 PM | 9 коментар(и)