Saturday, May 09, 2009
Веројатно нема подобра причина од прекинувањето на паузава од премиерата на новиот Star Trek. Изминативе десетина години, сведоци сме на куп вакви ребутирања на стари, култни франшизи, меѓу кои Batman, Terminator, Star Wars, а да не почнувам за огромниот број на римејци на хорори од типот на Halloween или Friday the 13th. Во многу наврати сум спомнувал како Холивуд е одамна останат без оргинални идеи и парите ги вади од прекопување на стари и сигурни рудници.

Како и да е, од сите ре-анимирања на филмски и телевизиски бисери, Star Trek е дефинитивно, како идеја, најлошото. Треба навистина храброст да земеш нешто толку вредно и да го "измислиш" повторно. Со многу шминка и агресивна рекламна кампања, господинот Абрамс успеа на да им ја продаде својата тазе-измислена топла вода и на најтврдокорните фанови на франшизата. Зарем толку слепо прифаќате се што е Star Trek, луѓе?

Филмот се прикажа вчера низ кината во САД и за само еден ден успеа да собере цели 33 (триесет и три) милиони долари! Без разлика на вистинскиот квалитет на филмот, ова значи дека Star Trek приказната на Абрамс не е воопшто завршена. Филмот веќе го има низ warez мрежата, кино-снимка, ќе почекам уште некое време да се појави подобра копија за да го гледам и да видам дали целото мое мрчење изминатава година и кусур ќе биде оправдано. Доколку некој не го прочитал текстот каде што јасно го изкажувам мојот став за филмов - бујрум на линков.

П.С. Поради обрвски месецов, не успеав да ја објавам рецензијата за Star Trek Countdown #4. Еве линк за симнување на стрипот. Таман за читање пред гледање на филмов...

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 5/09/2009 01:43:00 PM |


9 Comments:


At 5:19 AM, May 10, 2009, Blogger Jovica

Mislam deka ce ti se dopadne.Licno i mene ne mi se dopaga faktot sto gi drugi acteri gi igraat legendarnite likovi no ova moze da donese fanovi od pomladite generacii i povtorno ja ja zazivee fransizata.Sakav da go docekam filmot kaj nas(ako voopsto dojde)no ne mozev da odoleam i go simnav od internet.Bev prijatno iznenaden,nema tolku mnogu akcija kako sto se ocekuvase od Abrams.Akcijata i razvojot na karakterite se odlicno izbalansirani,dijalozite interesni a glumata uverliva.Definitivno vredi da se pogledne,barem toa e moeto mislenje.

Pozdrav od Kumanovo.

 

At 8:17 AM, May 10, 2009, Anonymous Anonymous

yeah

 

At 12:33 PM, May 10, 2009, Blogger Бојан Николов

Го симнав и ја вчера, лоша кино-снимка, почнав да го гледам, пола саат и го изгасив кога се појави Чехов. Ќе се обидам да го догледам, па ќе пишам. :)

 

At 9:58 PM, May 10, 2009, Anonymous Anonymous

Filmot e odlichen! Ako ti ne si spremen da podnesesh mali zhrtvi za Star Trek da prodolzhi da zhivee, togash toa e tvoj problem.

Ama filmot e bash toa shto mu trebashe na Star Trek.

I celosno se slagam so Kumanovecot. Ima nekoj momenti kade malce go imaat preterano so razvojot na prikaznata pa duri i nekoj raboti se desija prebrzo ama filmot vo globala edno od najdobrite Star Trek ostvaruvanja bilo koga napraveno. A seto ova go zboram gledajki go na kino snimka. Mozham da zamislam shto me cheka koga kje go gledam na neshto pokvalitetno.

 

At 11:06 AM, May 11, 2009, Blogger Maki

Јас го гледав до тоа со Скоти и толку, трпев саат време и више пукнав, како посебен филм ок е, онаков лејм малце ама не е стар трек филм ...

 

At 11:38 AM, May 25, 2009, Blogger freestyle

abe us nema dobra snimka.... t.e. barem ja nemozam da najdam, nekoj da ne ima najdeno nesto....

 

At 2:12 PM, May 25, 2009, Blogger Бојан Николов

Побарај го на Lynks рипот. Ја така го глеав, али на три пати, зошто го гасев на моменти кога ме курчеше. Чим го изгледам пак, ќе пишам. :)

 

At 4:41 PM, September 24, 2009, Anonymous Bobby

Добар ти е блогов, само продолжи така.

 

At 4:33 AM, October 27, 2009, Blogger freestyle

нииид хелп, кам квик........ бззззз.........